|
"intelnet" е во фаза на формирање и регистрација.Идејата за формирањето на фирмата е доста стара, но дури денес со развој и усовршување на информатичката технологија како и зголемувањето на можностите на современите компјутери се создадоа услови за нејзина реализација.
Посебно со теоретското истражување во областа на комплексните системи, вештачката интелегенција, теоријата на хаосот како и нивната примена во се поголем број на области дава можности за успешно реализирање на самата идеја.
Основачот и сопственик на "intelnet" уште во раните 80-ти се има занимавано и истражувано во областите од теоријата на хаосот (детерминистички и недетерминистички), комплексните системи (статички и динамички), вештачката интелегенција (невронски мрежи од најразличен тип и сложеност), како и во бластите на симулација на "свест" во компјутерите.
Свесен за напредноста на самата идеја но во истовреме и свесен за ограничената моќ на информатичката технологија во тоа време,основачот и сопственик на "intelnet" дури сега проценува дека е можна практична реализација на споменатата идеја.
Дали навистина е тоа можно и точно би требало да покаже наредниот период.
|
|